Американскиот претседател Барак Обама патува за сојузната држава Охајо со цел да обезбеди поддршка од јавноста за неговиот план од 447 милијарди долари за отварање работни места и поттикнување на анемичната економија во земјата.
Обама ќе зборува во средно училиште во градот Колумбус во близина на конгресната област која во Вашингтон ја претставува спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер.
Претседателот се очекува да ја промовира иницијативата на неговиот предлог кој повикува кој повикува на трошење на над 25 милијарди долари за модернизирање на 35.000 државни училишта ширум САД.
Обама го испрати “Американскиот акт за отварање работни места“ до Конгресот во понеделникот и ги повика законодавците веднаш да го усвојат. Планот повикува на одделување милијарди долари за подобрување на патиштата и други проекти од градежништвото, додека се зголемуваат даноците за најбогатите Американци.
Директорот за буџет на Белата куќа Џејкоб Лу изјави дека со предлогот за зголемување на даноците за најбогатите Американци, ќе се соберат околу 400 милијарди долари.