Вашингтон ќе му оддаде почит на Џими Картер

  • VOA

Посмртните останки на Картер, кои се изложени во претседателскиот центар Картер од саботата, ја напуштаат Атланта утрово, придружувани од неговите деца и поширокото семејство

Речиси 44 години откако Џими Картер го напушти главниот град на нацијата, 39. претседател на САД се враќа во Вашингтон каде три дена ќе се одржат државни погребни ритуали кои започнуваат денес.

Посмртните останки на Картер, кои се изложени во претседателскиот центар Картер од саботата, ја напуштаат Атланта утрово, придружувани од неговите деца и поширокото семејство.

Специјалната воздушна мисија 39 ќе ја напушти воздушната резервна база северно од Атланта и ќе пристигне во заедничката база Ендрјус во Мериленд, со поворка во Вашингтон и Капитол, каде што членовите на Конгресот ќе му оддадат почит попладнево.

Картер, кој почина на 29 декември на 100-годишна возраст, ќе добие државен погреб в четвртокот во Националната катедрала во Вашингтон.

Претседателот Џо Бајден ќе одржи говор. Бајден го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост и објави дека сите канцеларии на федералната влада ќе бидат затворени тој ден како знак на почит кон Картер.

„Го повикувам американскиот народ да се собере на тој ден во нивните соодветни места за богослужба, таму да му оддадат почит на споменот на претседателот Џејмс Ерл Картер Јуниор“, рече Бајден во официјалната декларација.

9 јануари во главниот град на нацијата ќе ги привлече сите живи американски претседатели и многу функционери.

Бајден, исто така, нареди знамето на САД да се вее на половина копје 30 дена од датумот на смртта на Картер во јавни згради, воени и згради на американската влада во странство.

Картер беше земјоделец на кикирики од Џорџија, кој се обиде да ја врати довербата во владата кога ја презеде претседателската функција во 1977 година, а потоа изгради репутација со неуморната работа како хуманитарец.

Тој ја доби Нобеловата награда за мир во 2002 година.

Тој почина по речиси две години нега во неговиот дом во Плејнс, Џорџија.

„Би било добро за сите да се обидеме да бидеме малку повеќе како Џими Картер“, рече Бајден.

Некои од информациите се од АП