Националната конвенција во Тампа поради тропското невреме Исак ќе почне ден подоцна, во вторник.
Тропското невреме Исак не само што донесе дожд и ветришта во Флорида, туку и ги принуди републиканците да го променат распоредот на партиската Национална конвенција што се одржува во градот Тампа во оваа сојузна држава.
На собирот, чиј почеток беше закажан за понеделник, Републиканската партија треба и официјално да ги номинира Мит Ромни и Пол Рајан за кандидати за претседател и потпретседател за изборите во ноември на кои ќе се спротистават на демократскиот двоец Барак Обама – Џо Бајден. Но, републикански претставници соопштија дека поради Исак биле принудени од безбедносни обѕири да го одложат отворањето за вторник.
Ромни, според планот, треба да го одржи говорот со кој ја прифаќа номинацијата во четврток.
Невремето се одрази и на протестите закажани за време на конвенцијата во центарот на Тампа.
„Луѓето чекаат да видат што ќе се случи со времето. Зошто би дошле на протестот доколку поради ураганот и силните ветришта што би го погодиле градот би морале да се вратат“, коментира Џон Пенли, учесник во демонстрациите против Ромни.
Дел од републиканските стратези се загрижени дека невремето би можело да фрли сенка на конвенцијата и говорот на Ромни.
Во синоќешно интервју за ТВ-мрежата Фокс, Ромни изрази надеж дека говорот ќе пренесе порака до Американците дека тој верува дека земјата е уникатна и исклучителна и дека и натаму ги има средствата потребни да го води светот во просперитет и мир.