Тропското невреме Исак денес навлезе во Мексиканскиот Залив, откако поројните врнежи од дожд и ветриштата најпрвин ја погодија најјужната точка на Флорида, архипелагот Флорида Кис, и областа на Мајами.
Националниот центар за урагани очекува Исак да прерасне во ураган пред да допре до јужното американско крајбрежје, што, според проценките би требало да се случи на потегот од Флорида до Луизијана.
Четири сојузни држави - Алабама, Флорида, Луизијана и Мисисипи - прогласија вонредна состојба, подготвувајќи се за Исак.
Вонредна состојба прогласи и градоначалникот на Њу Орлеанс Мич Ландру, советувајќи ги сограѓаните да се подготват за ситуација во која би биле без вода и електрична енергија неколку дена. Ландру им порача веднаш да заминат доколку биде објавен повик за евакуација. Многумина тоа не го сторија 2005-тата, кога ураганот Катрина го погоди Њу Орлеанс. Тогаш загинаа преку 1.800 лица, а илјадници останаа без покрив над главата.