Британија, Франција и Германија во среда кажаа дека Иран се соочува со натамошни санкции доколку одбие да соработува со агенцијата на ОН, која вели дека има „кредибилни“ докази за иранските напори да дизајнира нуклеарно оружје.
Извештајот објавен во вторникот од Меѓународната атомска агенција на ОН (IAEA) изразува „сериозна загриженост“ по информациите кои индицираат дека Иран работел на дизајн на нуклеарно оружје, вклучувајќи и „тестирање на компонентите“.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на собир пренесуван на националната телевизија кажал дека неговата држава нема да се повлече „ни за јота“ од својот нуклеарен пат.
Русија во среда кажа дека нема да поддржи нови санкции.