Украинците се подготвуваат за потенцијални промени во политиката на САД кон војната

Your browser doesn’t support HTML5

Со враќањето на поранешниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, Украинците се подготвуваат за потенцијални промени во политиката на САД кои би можеле да ја преобликуваат нејзината борба за опстанок против руската агресија. Известува Мирослава Гонгадзе

Кога веста за претседателската победа на Доналд Трамп стигна до Украина, кафе барот „Трамп“ во центарот на Киев им понуди бесплатни пијалоци на своите клиенти.

Роман Кравзов, креативниот директор на пет годишниот бизнис во градот, е задоволен од изборот на Америка за претседател.

„Сметам дека сега започнува еден од најголемите моменти во историјата. Мислим дека е одлично“, вели Кравзов.

Но, не сите Украинци ја делат неговата возбуда. Некои се подготвуваат за промени во политиката на САД.

Марк Војџер, виш соработник во Центарот за анализа на европската политика, изразува загриженост.

„Трамп всушност може да одлучи да изврши притисок врз Украина со задржување на толку потребната воена, финансиска, дипломатска, политичка и други видови поддршка, за да може да им покаже на своите поддржувачи дека е за некаков мир“, вели Војџер.

Војџер вели дека Русија ќе ја искористи можноста за ресетирање, прегрупирање и повторно напад, подоцна. Тој вели дека ветувањето на Трамп дека ќе стави крај на војната сугерира дека тој може да ги присили Украина и Русија на преговарачка маса.

„Единствениот начин на кој Трамп би можел потенцијално да ја запре војната е, за жал, ако изврши притисок врз Украина да ги прекине борбите и да го прифати примирјето, а исто така да ги признае и отстапи окупираните територии под условите на Русија“, посочува Војџер.

Поранешниот украински министер за инфраструктура, кој стана војник, Володимир Омелијан, ги смета намерите на Трамп како искрени, но нереални.

„Мислам дека Трамп е искрен во својата изјава дека ќе стави крај на сите војни. Би сакал само да му посакам среќа, бидејќи ако го стори тоа, тој ќе биде првиот човек по векови што ќе го направи тоа“, вели Омелијан.

За Украина, секој мировен договор мора да го почитува нејзиниот суверенитет, без руски трупи на нејзина територија, велат експертите. Некои Украинци велат дека притисокот за мир може да донесе и нови можности за американско-украинската соработка.

„Важно е да се укинат ограничувањата за напади со долг дострел, и да се обезбедат такви проектили на Украина, особено откако севернокорејските трупи се таму и кои веќе ја поддржуваат руската агресија против нас. Се разбира, се надеваме на попрагматичен пристап, особено во економската соработката“, вели Хана Хопко, поранешна украинска парламентарка.

Украинците ја балансираат својата надеж за мир со ризикот дека избрзан договор може да го загрози нивниот суверенитет.