Русија ги зголемува силите во близина на северниот дел на украинската област Харков, каде што започна офанзивата овој месец, но се` уште ѝ недостига доволен број на сили за да се изврши голем притисок во областа, наведе денес највисокиот командант на Украина.
Украина вели дека го стабилизирала фронтот во североисточниот регион Харков, каде што руските сили лансираа напад на 10 мај, што отвори нов фронт во 27-месечната војна и ги притисна тупите на Киев.
Генерал-полковникот Олександар Сирски рече дека Русија продолжува да испраќа дополнителни бригади од други области и од полигоните за обука за да ги собере своите трупи во две главни линии на напад во северниот дел на Харков.
„Овие сили во моментов се недоволни за голема офанзива и пробив на нашата одбрана“, рече Сирски во изјавата за апликацијата за пораки Телеграм.
Украинскиот генералштабот рече дека продолжува да ги зајакнува неговите одбранбени линии во областа и оти денес одбиле еден руски напад. Националната гарда кажа дека руските сили не напредувале во Харков во изминатиот ден.
Сириски рече дека „создавањето на резерви муниција“ за Украина ги намалува и офанзивните способности на руските сили.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера рече дека американското оружје што се испорачува помага да се стабилизираат украинските линии на фронтот.
Русија ја концентрираше дел од својата офанзива на истокот на Украина, каде што нејзините трупи беа во можност да постигнат бавен напредок, откако го зазедоа градот Авдивка во Доњецк во февруари.