Линкови за пристапност

Зеленски повторно го покани Бајден на мировниот самит во Швајцарија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се симнува од својот авион по неговото пристигнување на воениот аеродром во Лисабон на 28 мај 2024 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се симнува од својот авион по неговото пристигнување на воениот аеродром во Лисабон на 28 мај 2024 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повтори дека американскиот претседател Џо Бајден треба да присуствува на мировниот самит следниот месец во Швајцарија, за да испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин и другите светски лидери.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар де Кро во Брисел, Зеленски рече дека мировниот самит, закажан за 15. и 16. јуни, ќе биде „организиран од целиот свет“, а другите лидери ќе ја следат реакцијата на САД.

Зеленски рече дека 90 земји сега се обврзале на самитот и дека Путин се плаши од него бидејќи никогаш не верувал дека толку многу нации ќе го поддржат.

„Тој [Путин] го наруши овој самит и продолжува да го прави тоа. И затоа тој сега размислува да постави паралелна платформа“, рече Зеленски, додавајќи дека Путин ќе го поздрави отсуството на Бајден на самитот.

Зеленски во неделата испрати видео во кое апелира до Бајден да присуствува на самитот.

Украинскиот претседател го снимил видеото во изгорена печатница во Харков, која минатата недела беше уништена од руски проектили.

Белата куќа не даде заложба за присуството на Бајден. Тој е единствениот лидер од Г7 што не ја прифати поканата

За време на брифингот минатата недела, советникот за национална безбедност Џејк Саливан им рече на новинарите дека додека планирал да присуствува на самитот, „немал изјава“ за присуството на Бајден.

Зеленски беше во Брисел денес, по патувањето во Шпанија, за да обезбеди повеќе од една милијарда долари нова воена помош од Белгија во договорот што вклучува испорака на 30 борбени авиони Ф-16.

Тој беше и во посета на Португалија.

Украинскиот лидер рече дека 10-годишниот договор вклучува соработка со Белгија за разузнавање, сајбербезбедност, борба против дезинформации и одбранбена индустрија.

Министрите за одбрана на Европската Унија (ЕУ), исто така, ќе се среќаваат денес во Брисел со цел да ги надминат приговорите на Унгарија за обезбедување на милијарди воена помош за Украина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, верен сојузник на Путин, наводно блокира помош од околу 7 милијарди долари.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во понеделникот предложи дека ограничувањата за Украина треба да се ублажат, за да ѝ се дозволи да користи западно оружје на цели надвор од нејзините граници.

Зборувајќи со новинарите денес, Столтенберг остана на ставот дека уште еднаш, постојат легитимни цели надвор од границите на Украина, врз кои може да се пука како дел од нејзината самоодбрана.

Тој рече дека користењето оружје доставено од НАТО за пукање врз тие цели нема да ја направи алијансата дел од конфликтот.

„Имаме право да ја поддржиме Украина без да станеме дел од конфликтот, бидејќи ѝ помагаме на Украина да го поддржи правото на самоодбрана“, рече Столтенберг.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рече дека Западот ризикува директна конфронтација со Русија и последователна глобална војна, доколку дозволи Украина да нападне внатре во Русија со западно оружје.

Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Дел од информациите во текстот се од АП, Ројтерс и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG