Редакцијата на средното училиште Волтер Џонсон и учениците-новинари покриваат вести во округот Монтгомери, во американската сојузна држава Мериленд, кој бележи пад во локалните медиуми, иако е една од најбогатите окрузи во нацијата.
„Мислам дека вестите од заедницата се навистина важни бидејќи во нашата област порано имавме многу весници“, вели Сејун Парк, новинар-ученик.
Пред 20 години осум весници го покриваа овој регион. Сите затворија. Исклучок беше весникот „Сентинел“ на округот Монтгомери, кој е основан во 1855 година. Се бореше за време на пандемијата на коронавирус и престана да печати изданија во 2022 година.
Но, опстои онлајн верзијата на медиумот преку партнерство со овие ученика кои пишуваат и известуваат за Сентинел. Овде, во редакцијата на студентскиот весник наречен „The Pitch“, учениците – новинари го објавуваат на интернет ... овој весник и списание Сентинел. Нема само вести од кампусот.
Нивните стории се фокусираат на вестите од заедницата од интерес за учениците, како што се коментарите за расизмот, известувањето за финансирањето на образованието и најновите вести од локалниот спорт.
„Иднината на новинарството не е толку сигурна како порано. Многу се менуваат работите со текот на годините, и ние како ученици – новинари имаме ново место во тоа“, вели Миа Халпер, ученичка по новинарство.
Понекогаш „Сентинел“ бара стории од студентите кои се одобрени од нивните советници, но медиумот обично избира од тие што учениците го објавиле во „The Pitch“.
„Тоа еволуираше во овој процес – тие ќе видат нешто што им се допаѓа и што мислат дека ќе влијае кај заедницата – па бараат дозвола за тоа. Едноставно, тоа е совршено“, посочува Венди Борели, советник за новинарство.
„Горди сме што тие чувствуваат дека ние сме соодветно место за да им дадеме глас. Постојано учам од нив. Освен новинари од средно училиште, ги имаме и новинарите од факултет“, додава Марк Капилоф, издавач на „Сентинел“.
Истражувачите од Универзитетот Нортвестерн велат дека повеќе од половина од сите окрузи во САД сега имаат ограничен пристап до веродостојни вести и информации. Средношколците и студентите сѐ повеќе ги гледаат како опција да се пополни празно место.
„За издавачот сериозно да ја сфати нашата работа и да го признае дека тоа што го правиме е вистинска работа, тоа навистина значи многу за мене и за сите студенти кои пиштуваат и напорно работат на објавување на овие вести“, додава Парк.
Алисон Шју беше прогласена за новинарка на годината во средно училиште во сојузната државата Мериленд. Читателите на „Сентинел“ го знаат нејзиното име.
„Барам прашања во мојата заедница за кои мислам дека вреди да се споделат или можеби се недоволно застапени во однос на покриеноста на вестите што моментално ги имаат. Имам пишувано за прашања за антиазиска омраза, особено кога таа се зголемуваше во време на пандемијата, како и за недостигот на заменски наставници што го има во училиштата низ округот“, вели Шју.
И додека многумина се премногу млади за да гласаат, американските избори во ноември ќе бидат во фокусот на вестите.
За средношколците, примарна грижа често се фудбалските натпревари, матурските натпревари и социјалните мрежи. Но, во оваа редакција, нивниот фокус оди подалеку од кампусот и остава трага во нивната заедница.