Трамп го нарече Бајден најлошиот претседател на САД, Бајден вели дека Трамп е закана за демократијата

Предизборите на Супервторник ќе доделат повеќе од една третина од републиканските делегати, и повеќе од 70% од бројот потребен за да се обезбеди номинацијата

Претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Донлад Трамп се искритикуваа меѓусебе, откако резултатите од предизборите на Супервторник станаа појасни.

Трамп победи во најмалку 12 сојузни држави на прелиминираните избори, меѓу кои Вирџинија, Северна Каролина, Оклахома и Тенеси, предвиде Едисон Рисрч.

Трамп се обидува да ја принуди ривалката Ники Хејли да излезе од трката на најголемиот ден на прелиминарниот календар и да организира реванш со демократскиот претседател Џо Бајден.

Бајден, пак, победи во Ајова, Северна Каролина, Вирџинија, Оклахома, Тенеси и други сојузни држави, според првичните проценки.

Хели ја освои сојузната држава Вермонт, и им се заблагодари на гласачите за поддршката.

Во победничкиот говор одржан на имотот Мар-А-Лаго во Флорида, Трамп ја нападна имиграциската политика на Бајден и го нарече „најлошиот претседател“ во историјата.

„5-ти ноември ќе остане единствениот најважен ден во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Во изјавата, Бајден повторно го нарече Трамп закана за американската демократија.

„Резултатите од вечерва му оставаат на американскиот народ јасен избор: Дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе му дозволиме на Доналд Трамп да не` вовлече наназад во хаосот, поделбата и темнината што го дефинираа неговиот мандат?“, изјави Бајден.

Иако Трамп не може да освои доволно делегати за формално да ја освои номинацијата сега, кога 15 сојузни држави одржуваат републикански избори, доминантни резултати дополнително ќе го притиснат неговиот преостанат ривал.

Предизборите ќе доделат повеќе од една третина од републиканските делегати, и повеќе од 70% од бројот потребен за да се обезбеди номинацијата.