Утринава во 6 часот по американско време се отвори гласачкото место во градската библиотека во Арлингтон во американската сојузна држава Вирџинија. Американците може да гласаат до 19 часот по локално време. Вирџинија е една од 15-те сојузни држави каде се одржуваат прелиминарни избори на супервторник. Овој ден е клучен за републиканската партија, бидјеќи гласачите ќе дадат појасна слика околу тоа кој има поголеми шанси за републисканска номинација - Доналд Трамп или Ники Хејли.
Американците кои се регистирани за гласачи имаат право на неколкучасовно отсуство од работа.