Трамп презема трговска акција со царини

  • Стив Херман
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни наредби за реципрочни царини во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршни наредби за реципрочни царини во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го презеде она што може да стане негова акција со најголеми последици во меѓународната трговија на почетокот на неговата втора администрација.

Трамп, кој потпиша меморандум со кој повикува на реципрочни царини, им рече на група новинари во Овалната канцеларија дека „ако го правите својот производ во САД, нема царини“.

Целта е да се намали буџетскиот дефицит на Америка, кој се проценува дека се приближува до два трилиони долари.

Претседателот додаде дека акцијата „е фер за сите. Ниту една друга земја не може да се жали“.

Трамп им нареди на Хауард Латник и Џејмисон Грир, неговите избраници за секретар за трговија и трговски претставник на САД, соодветно, да ги водат тимовите да пресметаат нови даноци за увоз на американските трговски партнери.

За да се проценат износите, тие треба да ги земат предвид тарифните стапки на другите земји, субвенциите за индустријата, даноците на додадена вредност - кои се вообичаени во Европската Унија (ЕУ).

Данокот на додадена вредност на ЕУ е пример за нелојалната трговија, им рече на новинарите вчера Питер Наваро, висок советник на претседателот за трговија.