Трамп делеше помфрит, Харис посети цркви на околу две недели пред изборите

Харис и Трамп се фокусираат речиси исклучиво на седум одлучувачки сојузни држави кои најверојатно ќе го одредат исходот

Претседателската кампања во САД кулминира со последната тура собири до официјалниот ден на изборите на 5 ноември, при што демократската потпретседател Камала Харис и нејзиниот републикански противник, поранешниот претседател Доналд Трамп, се фокусираат речиси исклучиво на седум одлучувачки сојузни држави кои најверојатно ќе го одредат исходот.

Повеќе од 14 милиони луѓе веќе гласале предвреме, според Изборната лабораторија на Универзитетот на Флорида, а повеќе ќе го сторат тоа во наредните денови, како што скоро сите 50 држави во земјата ги отвораат избирачките места за предвремено гласање и за прифаќање на гласачките ливчиња по пошта.

Националните анкети покажуваат дека натпреварот е меѓу најблиските во последните децении, а Харис има мала предност.

Претседателските избори во САД не се одлучуваат со националното народно гласање, туку преку гласањето на Изборниот колеџ, што ги претвора изборите во 50 трки од држава до држава.

Бројот на изборни гласови во секоја држава зависи од населението, така што најголемите држави имаат најголемо влијание во одредувањето на вкупниот национален исход, при што на победникот му требаат 270 од 538 електорски гласови за да побара нов четиригодишен мандат во Белата куќа, почнувајќи од јануари.

Анкетите покажуваат дека Харис или Трамп имаат значително или донекаде удобно водство во 43 од државите.

Харис го прослави својот 60-ти роденден во неделата говорејќи во мисионерска баптистичка црква во Џорџија, на околу 50 километри источно од главниот град во државата, демократското упориште Атланта.

Таа раскажа за нејзините искуства од детството во црна црква, правејќи остар контраст со суровата и раздорна реторика на актуелната политичка клима, иако не го спомна Трамп по име.

Потоа се упати јужно од Атланта, каде што ги охрабри верниците да го искористат своето право на глас. Подоцна, таа планира да сними интервју со лидерот за граѓански права Ал Шарптон.

Во меѓувреме, Трамп облече престилка во ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“ во Пенсилванија за да работи во дел од кујната за помфрит и им даваше нарачки на муштериите.

Харис рече дека работела во „Мекдоналдс“ во Калифорнија додека била на универзитет, но Трамп рече дека не ѝ верува, иако пријателка на Харис изјави за „Њујорк тајмс“ дека се сеќава оти Харис работела таму.

По неговиот краток престој во ресторанот, Трамп се пофали дека „сега работел 15 минути“ подолго отколку што работела Харис.

Харис денес има кампања денес во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, додека Трамп оди во Северна Каролина.