Типична приказна за „момчето од мал град“: Патот на Џеј Ди Венс, републиканскиот кандидат за потпретседател на САД

Со поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс - момчето од Охајо кое го сака Кентаки - беше избран за сенатор од Охајо

Животот на републиканскиот кандидат за потпретседател на САД, Џеј-Ди Венс е типична приказна за „момчето од мал град“. Тој пораснал во Апалачија, посетувал училиште во Ајви Лига и на крајот би можел да биде избран за еден од најмладите потпретседатели во историјата. Известува Каролин Пресути.

Ова не е местото каде што тој е роден. Но, ова е местото каде што Џеј-Ди Венс го нарекува дом. Џексон, Кентаки.

„Кога ја запросив сопругата, реков: Душо, имам долг од 120 илјади долари за правниот факултет и гробно место на една планина во источен Кентаки“, истакна Венс.

Бабата на Венс била позната како „Мемоу“.

Your browser doesn’t support HTML5

Профил на Џеј Ди Венс, републикански кандидат за потпретседател на САД

„Тој секогаш доаѓаше овде со Мемоу. Го носеше на планина за да види што е планински живот, и очигледно тоа му се допаѓаше“, раскажува Џон Холан, шериф на округот Бретхит во Кентаки.

Кога ја запросив сопругата, реков: Душо, имам долг од 120 илјади долари за правниот факултет и гробно место на една планина во источен Кентаки
Џеј Ди Венс, кандидат за потпретседател

Тој е роден овде во Мидлтаун, Охајо, и израснат главно од неговата строга баба која многу пцуела и поседувала 19 наполнети пиштоли во куќата.

Со презимето на неговиот очув, Џеј Ди Хамел победил на своите први избори. Иронично, тоj бил потпретседател во неговата класа во средното училиште во Мидлтаун. Служел како маринец, а потоа дипломирал на државниот универзитет во Охајо.

Потоа на Јеил, Венс се запознал со студентката по право Уша Чилукури - неговата идна сопруга. Другарот од факултет Џејмс Ајмерс ги знае и двајцата.

„Мислам дека таа го насочи Џеј Ди и му помогна да одлучи што сака да прави, да го оформи својот иден пат воопшто после Правниот факултет“, вели Ајмерс.

Венс стана познат на национално ниво преку неговиот бестселер во 2016 година, „Хилбили елегија“, во кој се говори за работничката класа на Америка. Во документрецот, Глен Клоуз ја глуми неговата баба.

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп и кандидатот за потпретседател Џеј Ди Венс присуствуваа заедно на комеморацијата по повод нападите од 11 септември во Њујорк

Со поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп, Џеј-Ди Венс - момчето од Охајо кое го сака Кентаки - беше избрано за сенатор од Охајо. И, набрзина... две години подоцна: “Џеј Ди Венс за следен потпретседател на Соединетите Американски Држави.”

Многу сум горд на она што го постигна, и тоа што сум дел од тоа ме прави да се чувствувам добро
Стив Дилман, поранешен работодавец на Венс

Трамп го избра Венс за свој потпретседател. Но, Венс претходно го нарече Трамп „срам“ и тврдеше дека никогаш нема да е „човек на Трамп“.

Сега како номиниран, политиките на Венс ја одразува политиката на Трамп. И, на прашањето „дали поранешниот претседател ги загуби изборите во 2020 година?

„Не, мислам дека имаше сериозни проблеми во 2020 година. Значи, дали Доналд Трамп ги загуби изборите? Не... со зборовите што би ги користел“, рече Венс.

Венс е против Кина и Источна Азија, а се противи и на воената помош за Украина и… ова го вели за конфликтот Израел-Хамас.

„Камала Харис, од една страна, вели дека навистина се грижи за цивилите. А сепак таа одбива да му даде на Израел оружје што му овозможува да ги минимизираат цивилните жртви“, истакна Венс.

Родниот град на Венс, Мидлтаун е главно земја на Трамп. Стив Дилман го ангажирал Венс за неговата прва работа на 16-годишна возраст.

„Многу сум горд на она што го постигна, и тоа што сум дел од тоа ме прави да се чувствувам добро. Ова е човек кој дошол од улицата Мекинли, а сега потенцијално би можел да стане потпретседател на САД“, вели Дилман.

Доколку биде избран, Венс на 40-годишна возраст ќе биде третиот најмлад потпретседател во историјата.