Спроведувачите на законот спречија обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, приведувајќи осомничен со пушка на теренот за голф во Флорида претходно овој месец. Тоа следеше откако претходно едно лице го рани Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија во јули.
Гласот на Америка ги праша сопствениците на оружје како обидите за атентат влијаат врз нивните ставови за контрола на оружјето на овие избори. Метју Гонзалес вели дека бил шокиран од обидот за атентат на Трамп, но дека сите Американци имаат право да се заштитат.
„Секој лош човек може да има оружје. Тоа е многу достапно. Доволно е да познавате само неколкумина. Не е толку тешко како што луѓето го замислуваат, тоа секогаш ќе се случува. Затоа треба да внимавате на себе“, вели Метју Гонзалес.
Застапникот за правата на оружјето Ник Кларк изјави за Гласот на Америка дека обидите за атентат потврдуваат како огненото оружје може и да ги заштити граѓани, како и претседателот.
„Тајната служба е вооружена, а Тајната служба која го штити претседателот, ја видела личноста или го видела пиштолот вперен низ грмушките. Не мора секој да носи пиштол, но кога би имале повеќе луѓе кои носат пиштол за самоодбрана, овие криминалци би размислиле двапати“, вели Ник Кларк претседател на „Висконсин Кари“.
Според Истражувачкиот центар Пју, повеќето Американци велат дека е премногу лесно да се дојде до пиштол во оваа земја и се залагаат за построги закони за оружје. На секои 11 минути, некој умира од огнено насилство во САД, забележува истражувачката за спречување оружено насилство од Милвоки, Мелори О'Брајан.
„Kaj Младите луѓе, od edna do 17 godini, водечка причина за смрт е огненото оружје. Во моментов имаме највисоко ниво на самоубиства со оружје otsekogas во нашата земја“, О'Брајан.
Таа вели дека потемелните проверки на позадината и другите мерки би можеле да помогнат. Но, косопственичката на затвореното стрелиште во Висконсин, Шерил Ребхолц, се залага за спроведување на постоечките закони за оружје наместо да се наметнуваат нови.
„Можете да видите огнено оружје zad мене, toa se предмети... тие само седат таму. Сопствениците на оружје не ги користитат за кривични дела. Ние сме одговорни сопственици на оружје“, вели Шерил, косопственичка на стрелиштето „Bear Arms“.
Властите велат дека оружјето користено во првиот обид за атентат на Трамп се чини дека било легално купено. Второосомничениот неделава се појави пред судот обвинет за поседување огнено оружје како осуден криминалец и поседување огнено оружје со избришан сериски број.