САД обезбедуваат околу 300 милиони долари нова воена помош за Украина во пакет кој се очекува да вклучи повеќе артилериски гранати и ракети за системот за висока мобилност (ХИМАРС)пред очекуваната украинска офанзива, според официјални претставници на одбраната.
Официјалните претставници на Пентагон, кои разговараа за Гласот на Америка под услов да останат анонимни пред објавувањето на пакетот, рекоа дека најновата помош вклучува и ненаведувани ракети од воздух „Хидра 70“ за да се обезбеди воздушна поддршка и противоклопни капацитети потребни за да се потиснат руските копнени сили во окупираните области на Украина.
Ќе бидат вклучени и тешки камиони и резервни делови.
Пакетот за помош го означува 37-от одобрено претседателско повлекување на воена опрема од залихите на американскиот Оддел за одбрана по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Москва оваа година започна обновена офанзива во Украина која е во застој, а Киев се подготвува за масовна контраофанзива која се очекува да започне во наредните денови или недели.