Русија соопшти дека соборила десетици дронови лансирани од Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека над Крим биле уништени 42 беспилотни летала – од кои девет биле соборени од силите за воздушна одбрана. Крим беше припоен кон Русија во 2014 година.
Нема информации за жртви.
SEE ALSO: Пентагон ќе обучува украински пилоти да управуваат со борбените авиони Ф-16Одделот за одбрана на САД соопшти дека ќе ги обучува Украинците да летаат и одржуваат борбени авиони Ф-16.
Во соопштението, се наведува дека обуката ќе се одржи во базата на воздушната национална гарда Морис во Тусон, Аризона.
Исто така во четвртокот, САД објавија санкции за 11 поединци и два ентитета вклучени во депортацијата и индоктринацијата на украинските деца.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека санкциите се наметнати „за нивната улога во присилното префрлање и депортирање на децата од Украина во кампови кои промовираат индоктринација во Русија и на окупираниот од Русија Крим и кои воведоа наставни програми за руска индоктринација во тие региони“.
На состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина во четвртокот, американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека „САД нема да стојат настрана додека Русија ги извршува овие воени злосторства и злосторства против човештвото“.
Украина верува дека повеќе од 19 500 деца се депортирани по руската инвазија.