Ретроспектива: Во 2024 година, војната во Украина беше речиси во застој 

Your browser doesn’t support HTML5

Во 2024 година, војната во Украина речиси беше во застој. Двете страни, добро усогласени со напредната воена технологија, се мачеа да напредуваат, насочувајќи го вниманието кон можните мировни разговори. Остануваат надежите за отворање пат кон мирот. Анализа на Мирослава Гонгадзе

Годината започна со оптимизам откако украинските сили ги вратија териториите во Херсон и Харков. Тој оптимизам се претвори во фрустрација во Украина.

Надежите се потпираа на навремената испорака на западната воена помош која бавно доаѓаше. Пакетот за воена помош од 60 милијарди долари предложен од администрацијата на Бајден беше одложен во Конгресот и беше усвоен дури во април 2024 година.

И покрај рекордните жртви, Русија притискаше напред, заземајќи околу 2.700 квадратни километри територија во источна Украина.

Во исто време, Украина за првпат се наметна во рускиот регион Курск и зазеде повеќе од 1.200 квадратни километри руска територија и 93 села.

„Украина едноставно не беше во можност да го одржи тој неверојатен офанзивен импулс или поттик што го имаше во 2023 година. Западот требаше да направи многу повеќе“, вели Марк Војгер од Центарот за европски анализи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика самит за мир во Украина, на кој се собраа претставници од 101 земја и организации во Швајцарија.

„Украина отсекогаш верувала во моќта на дипломатијата. Војната не е наш избор. Тоа е избор на Путин. Ќе направиме се` што можеме за да почнеме да се движиме кон вистински мир“, рече Зеленски на самитот.

Русија не присуствуваше, а ќор-сокакот продолжи. Украинците ја гледаат победата на претседателските избори на Доналд Трамп како голема пресвртница.

Некои стравуваат дека кампањата на Трамп ветува брзо завршување на војната и неговите повици за итен прекин на огнот значат дека Украина ќе биде под притисок да направи премногу отстапки.

„Тоа ќе ги дозира односите меѓу САД и Украина со поголем трансакциски пристап и се чини дека надворешната политика на САД ќе биде повеќе игра во смисла што може да биде корисна за односите на САД со Украина“, посочува Евген Хлибовицки, аналитичар.

Без опипливи безбедносни гаранции од Западот, во Украина постои загриженост дека ќе биде тешко да се постигне траен мир.

„Идеалното решение е целосно обновување на суверенитетот на Украина. Но, во овој момент, особено во претстојните зимски месеци, тоа е тешко возможно, дури и во чисто физичка смисла. Она што е можно би било да се заштити што е можно повеќе територија и да се бара Украина да продолжи на својот пат кон НАТО и Европската Унија“, смета Војгер.

Заморот од војната порасна во 2024 година, како што Западот се соочува со високата инфлација и пад на економиите за кои се обвинуваат војната во Украина и санкциите за рускиот извоз на енергија.

Знаците на замор, исто така, се зголемија меѓу завојуваните земји, со Русија доведувајќи војници од Северна Кореја да помогнат во борбата, а стапката на дезертирање на украинската армија расте.

Додека Киев сигнализираше отвореност за преговори, Москва допрва треба да демонстрира некаква посветеност за ставање крај на војната.