Ниту една земја од регионот која така решила не треба да биде оставена назад, подвлече Филип Рикер од Стејт департментот на брифинг во Вашингтон.
За САД, иднината на Западниот Балкан е секоја земја да може да ги оствари своите европски и евроатлантски аспирации, и ниту една која ќе реши така да не биде оставена назад, потенцираше заменик помошник-државниот секретар Филип Рикер, задавајќи тон уште на самиот почеток на специјалниот брифинг за регионот што се одржа денеска во Вашингтон, дека САД стојат зад таквата интеграција.
На прашање за меѓуетничката состојба во Македонија, во контекст на случајот Слупчане и предлог- законот за бенефиции на припадниците на безбедносните сили кои учествувале во судирот во 2001-ва, Рикер ги стави нештата во перспектива.
„Секогаш ќе има предизвици, секогаш ќе има работи што ќе треба да се решат, но помирувањето е мошне важен концепт“, рече Рикер.
Во тој контекст, го истакна залагањето на македонскиот пртседател Ѓорге Иванов: „Тој е лидер кој се залага за придвижување напред, за интегрирање на сите луѓе во земјата, тоа да се направи предност на Македонија“.
За американскиот дипломат, повторната препорака на Европската комисија - Македонија да започне пристапни преговори за членство во Европската унија, кореспондира со ставовите на Вашингтон.
„Тоа во многу што е и политика на САД и нашата политика и дипломатија ја насочивме да и` помогнеме на Македонија да се придвижи во таа насока, на патот на целосна евроатлантска интеграција“, кажа Рикер.
За проблемот со името – го повтори добро познатиот став: САД, ОН и други инстанци може да помогнат и да поддржат, но Македонија и Грција треба да седнат заедно и да најдат решение.
„Уште еднаш, се работи за дијалог. За работењето на изнаоѓање на решение е потребно извесно ниво на посветеност, волја и одлучување - кои се вашите приоритети? САД или кој и` да е друг надворешен фактор не можат да ги донесат таквите одлуки, тоа треба да го одлучат двете земји, каде лежи приоритетот? Ако имате цел, што треба да сторите за да ја постигнете? Не е голема филозофија, но навистина е потребна посветеност, лидерство и заложба“, коментираше Рикер.