Претседателот на Јужна Кореја се соочува со импичмент в сабота

На 6-ти декември се одржува митинг пред зградата на Националното собрание, на кој се бара импичмент на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол

Лидерот на јужнокорејската владејачка партија Народна моќ, најави поддршка за суспендирање на должностите на претседателот Јун Сук Јеол - зачудувачки потег во последен момент за напуштање на неговиот колега - конзервативен лидер, што аналитичарите велат дека значително ги зголемува шансите за импичмент на Јун поради неговиот неуспешен обид за воена состојба.

На партискиот состанок денес, лидерот Хан Донг-Хун повика на „брзо суспендирање“ на должностите на Јун, наведувајќи ги „новооткриените факти“ кои укажуваат на тоа дека Јун се обидел да ги искористи разузнавачките агенции за апсење истакнати пратеници, обвинувајќи ги дека се „антидржавни сили“.

„Претседателот Јун не призна дека нелегалната воена состојба беше грешка“, рече Хан, користејќи го официјалното име на Јужна Кореја.

Јун, фрустриран со месеци од обидите на опозицијата да го опструира неговото владеење, прогласи воена состојба доцна во вторникот, тврдејќи дека е неопходно „да се уништат антидржавните сили“ и „да се заштити уставниот поредок“.

За неколку часа, јужнокорејските пратеници го поништија декретот, откако се изборија со полицајците и воениот персонал кои беа испратени во зградата на Националното собрание.

Опозицијата, која има мнозинство во Националното собрание, планира да гласа за импичментот на Јун доцна в сабота.