Прв работен ден на папата Францис

Американскиот претседател Барак Обама му честиташе на изборот, истакнувајќи дека е заштитник на сиромашните и ранливите.
Папата Францис го мина првиот ден како водач на 1,2-те милијарди католици во светот со молитви во Рим и миса во Ватикан. На дневниот ред беше и средба со претходникот, папата Бенедикт, кој сега е настрана од очите на јавноста, во летна резиденција во близината на Рим.

Францис е првиот папа кој доаѓа од Јужна Америка и прв језуит на оваа позиција.

Верските водачи и државници од цел свет му честитаа на 76-годишниот, сега веќе поранешен кардинал на Буенос Аирес за новата позиција.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека изборот на првиот папа од американското подрачје говори за моќта и виталноста на регионот кој „се` повеќе го образува нашиот свет“. Обама кажа дека папата Францис е заштитник на сиромашните и ранливите.