Линкови за пристапност

Аргентински кардинал стана нов папа


Кардиналот Хорхе Марио Берголио е избран за 266-ти папа на Римокатоличката црква, наследувајќи го папата Бенедикт, кој даде оставка минатиот месец.

Сто и петнаесетте членови на Колеџот на кардинали го изгласаа 76-годишниот папа во среда попладне, на вториот ден од нивната тајна конклава во Ватикан. Новиот папа го избра името Франсис.

Кандидатот требаше да добие две третини од гласовите, или 77, за да биде избран да ја предводи црквата.

Илјадници беа собрани на ватиканскиот плоштад Свети Петар да бидат сведоци на историскиот момент.

Бел чад се појави од оџакот на Систинската капела во среда навечер, сигнализирајќи дека 1,2 милијарди Римокатолици во светот добија нов поглавар.
XS
SM
MD
LG