Ривалите се фокусираат на Ромни

Ривалите се фокусираат на Ромни

Во дебатата на преостанатите републикански кандидати нападите беа насочени против првиот на листата

Преостанатите претенденти за претседателската номинација од Републиканската партија ја искористија понеделничката дебата во Јужна Каролина да ги фокусираат нападите на Ромни, само неколку дена пред оваа држава да биде домаќин на следните прелиминарни избори.

Поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич ја обвини поранешната инвеститорска фирма Баин Капитал за водење на бизнисите до банкротирање и предизвикување на многу луѓе да изгубат работа.

Тексашкиот гувернер Рик Пери тврдеше дека Ромни мора да објави колку даноци платил на личниот приход, и тоа сега, како што направил Пери, за гласачите да ја употребат таа информација за неговата кандидатура додека сеуште имаат избор.

Ромни кажа дека некои од компаниите во кои инвестирал пропаднале но други биле успешни. Тој исто така кажа дека неговото искуство на преземање претпријатија кои имаат тешкотии, како Олимпијадата 2002 Солт Лејк Сити, и правејќи ги успешни, покажува дека ќе може да ја сврти и тешката економска ситуација на американската економија.

Пред гласачите на Јужна Каролина да излезат на гласање во сабота, за кандидатите претстои уште една дебата – во четврток.