Носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ има лекарски оддел, а може да прозведе и до 1,5 милиони литри свежа вода дневно.
Носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ и седум други бродови на американската морнарица пристигнаа на Филипините, каде ќе помогнат во хуманитарната операција за отстранување на последиците од тајфунот Хаијан.
Морнарицата соопшти дека бродовите донеле вкупно 21 хеликоптер кои ќе вршат проценка на штетата и ќе доставуваат помош во зафрлените подрачја.
Носачот на авиони има лекарски оддел, а може да произведе и до 1,5 милиони литри свежа вода дневно. Еден од другите бродови, „Чарлс Дру“, денес веќе ја достави првата пратка помош од храна и вода за пиење во тешко погодениот Таклобан. Во овој град во централниот дел на земјата денес започна погребувањето на загинатите во масовни гробници. Официјално, бројот на загинати изнесува 2.357, но се очекува да нарасне. Во Таклобан се` уште има многу безживотни тела на улиците и затрупани во урнатините. Истовремено, нема доволно храна, вода и најнеопходни намирници за стотиците илјади раселени лица.