Отворен ден на македонската армија со граѓаните: Нови оклопни возила, боречки вештини, армиски кучиња

Голем број граѓани, семејства, деца присуствуваа на настанот по повод 30 години од формирањето на македонската армија

На воениот стадион во Скопје беа изложени дел од новите оклопни пешадиски возила што се од американско производство. До сега се набавени шест од нив, а до крајот на годината се очекува пристигнување на уште 27 примероци

СКОПЈЕ - Презентација на дел од новите оклопни возила од американско производство, показна вежба со армиските кучиња, прикажување боречки вештини на армиските специјалци и многу музика се дел од разновидните содржини во рамките на отворениот ден на македонската армија со граѓаните. Настанот почна попладнево на воениот стадион во Скопје, а по повод 30 години постоење на армијата.

Голем број граѓани, семејства, деца присуствуваа на настанот, а дојдоа и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, како и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

На стадионот беа изложени дел од новите оклопни пешадиски возила што се од американско производство. До сега се набавени шест од нив, а до крајот на годината се очекува пристигнување на уште 27 примероци.

„Продолжуваме и со набавка на други системи кои ни се потребни, набавка на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против-воздушен одбранбен систем, а во наредниот период ќе започнеме и со обнова на нашата воздухопловна компонента“, истакна деновиве министерката Петровска.

Your browser doesn’t support HTML5

30 години македонска армија - отворен ден со граѓаните

Централната свеченост по повод тридецениското постоење на Армијата ќе се одржи утре во касарната „Илинден“ во Скопје.

Отворен ден на македонската армија - презентирани новите оклопни возила