Линкови за пристапност

Петровска: Донациите за Украина не влијаат на борбената готовност на македонската армија


Владата донела три одлуки за донирање на воена помош за Украина во координација со Генералштабот. Што е донирано, освен армиските тенкови, засега не е познато бидејќи информациите се клаисфицирани. Одлуката за воена помош е одлука на суверена држава со која се помага на нападнати а не на напаѓачи



СКОПЈЕ – Три одлуки за донирање на воена помош се донесени од Владата и сите се во консултација со Генералшатбот на Армијата а донираната опрема не влијае на борбената готовност на армиските единици. Одлуката за воена помош на Украина е донесена како суверена и самостојна држава а не под притисок на НАТО алијансата,кажа министерката за одбрана Слајванка Петровска.

Меѓутоа што точно е донирано, освен армиските тенкови Т-72 и во која количина засега останува непознато бидејќи информациите се класифицирани од безбедносни причини. Нема потврда и дека се или ќе бидат донирани и четирите борбени авиони „Сухој-25“ купени за време на конфликтот во 2001 година.

„ Досега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина. Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава. Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија“, рече министерката Петровска.

Кога станува збор за тенковите „Т-72“, Петровска појасни дека станува збор за застарен модел кој 20 години ниту бил надградуван или пак ремонтиран и дека со новата стратегија за развој на Армијата боиле предвидени да се расходуваат. Тие ќе бидат заменети со лесни и средни оклопни возила кои се во процес на набавка во соработка со САД.

Станува збор за лесни оклопни возила (ЈЛВТ) од кои шест веќе се добиени а до крајот на годинава ќе бидат доставени уште 27. Финалната бројка на овие возила е 98 кои треба да бидат испорачани заклучно со 2028 година. Исто така ќе се врши и набавка на оклопните возила „страјкер“.

„Во среда на Воениот стадион, ќе бидат изложени првите 6 нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на подобрувањето на борбената готовност на Армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана нова пратка, од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот. Продолжуваме и со набавка на други системи кои ни се потребни, набавка на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против-воздушен одбранбен систем, а во наредниот период ќе започнеме и со обнова на нашата воздухопловна компонента“, соопшти Петровска.

Околу воздухопловните единици на македонската армија, составени од авиони и хеликоптери од советско производство, Петровска соопшти дека во наредните три години нема да има нови набавки или модернизација а ќе се врши постепена замена со летала американски или западноевропски производители.

Годинава армијата има буџет од рекордни 200 милиони евра но тоа сеуште не се 2 отсто од БДП-то како што се предвидува во НАТО алијансата.

Годинава се навршуваат 30 години од формирањето на македонската армија а во среда е предвидена свечена маниофестација на која ќе бидат презентирани единиците и операмата со коај располагаат македонските војници како и средба со припадниците на Армијата и специјалните единици.

XS
SM
MD
LG