Опозицијата прашува има ли надворешна политика, министерот вели „да“

Your browser doesn’t support HTML5

Владата уверува дека нејзината актуелна надворешна политика, која опозицијата ја критикува за неодредена и за импровизаторска, не значи оддалечување од Европската Унија за сметка на приближувањето кон новата американска администрација. Автор: Владимир Мирчески

Владата уверува дека нејзината актуелна надворешна политика, која опозицијата ја критикува за неодредена и за импровизаторска, не значи оддалечување од Европската Унија за сметка на приближувањето кон новата американска администрација. Шефот на дипломатијата денеска, од собраниската говорница, одговараше пред пратениците како ја гледа меѓународната позиција на Северна Македонија во сложената глобална ситуација и искричењата во трансатланското партнерство.

„Во делот на надворешната политика ќе работиме одговорно и транспарентно во интерес на заштита на нашите национални интереси. Тие се длабоко втемелени на три точки – нашето членство во НАТО, нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и нашето стратешко партнерство со САД. Ниту една од овие теми не е помалку битна од другата. Треба подеднакво да ги гледаме, а не да одбираме со едната или со другата страна“, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.