НБА-финале: Охлахома поведе против Мајами

Your browser doesn’t support HTML5

Оклахома тандерс со 105-94 ги совладаа Мајами хит во првиот од серијата „најдобар во седум“ во финалето на НБА. „Предводник“ на победата на домашните Тандерс беше ѕвездата во подем Кевин Дурант со 36 поени, од кои уфрли 17 во последната четвртина. Кај гостите, Леброн Џејмс беше најпрецизен со 30 коша. Иако Хит имаа предност и од 13 поени, младиот атлетски тим на Тандердс во финишот беше нерешлива енигма со брзите потези, прецизноста и доминацијата под обрачите. Следниот меч се игра во Охлахома Сити в четврток.