Со години, само момчињата можеа да добијат воено образование во армиското училиште Иван Бохун во Киев, Украина - што е место каде се обучуваат највисоките украински воени офицери. Последниве години, се повеќе девојчиња се приклучуваат на ова елитно училиште за да добијат обука за офицери.
Со зголемените потреби на Украина заради војната, училиштето започна програма во која се примаат и девојчиња. Заменик-командантот на училиштето, Дмитро Јармоленко вели дека вклучувањето на девојчињата ја подобрило средината за учење.
„На почетокот имавме само еден вод кадетки и тоа беше ново искуство за нас. И сега имаме повеќе од 60 кадетки. Кадетките се умни и секогаш подготвени за нови проблеми и нови видови на образование“, вели Јармоленко.
Your browser doesn’t support HTML5
Пред војната имало малку места за жени во армијата. Сега, Јармоленко вели дека жените работат на многу места во армијата...
„...како команданти на трупи, како трупи во специјалните сили, падобранци, во многу улоги“, дообјаснува Јармоленко.
Училиштето секоја година прима сè поголем број девојчиња. Девојките и момчињата овде учат и тренираат заедно, секојдневно се натпреваруваат меѓу себе.
Сакам да одам на фронтот, кога ќе завршам со студиите, ќе одамЛиза Баниј, кадетка
Лиза Баниј се истакнува во натпреварите во борење со рака и во боксерскиот ринг. Таа е поранешна спортистка и избрала овде да го продолжи образованието.
„Ја сакам Украина и сакам да ја бранам. Сакам да бидам армиска офицерка. Сакам да одам на фронтот. Кога ќе завршам со студиите, ќе одам“, вели Баниј.
Бохдана Тернопи не прочета низ делот за девојчиња, каде што научила да биде организирана. Нејзиниот брат се бори на фронтот, а нејзините родители ја поддржале во одлуката да се пријави за ова училиште. Таа сака да и служи на својата земја сега кога украинската армија има повеќе можности за жени.
„Од 2010 до 2014 година, културата позитивно се промени. Претходно, мажите не прифаќаа жени во војска; жените порано биле готвачи, оператори или возачи. Сега, има повеќе жени; тие се снајперисти и топџии. Генерално, жените можат да изберат каква било борбена улога“, посочува Тернопи.
Тие се покажаа потрпеливи, попаметни и понезависни од момчињата и се дури и поотпорниСвитлана Шемчук, капетан
Капетан Свитлана Шемчук е воспитувачка и надзорничка на програмата за девојки. Се преселила во Киев откако Русија го анектираше Крим во 2014 година. Таа, исто така, забележала дека украинските вооружени сили сега им нудат на жените повеќе можности.
„Девојчињата добија родова еднаквост. Девојките можат се. Гледајќи ги нашите девојчиња во ова училиште, тие се покажаа потрпеливи, попаметни и понезависни од момчињата и се дури и поотпорни“, вели Свитлана Шемчук.
Според украинското Министерство за одбрана, од 2024 година, над 45.000 жени служеле во вооружените сили на Украина. Додека повеќето се во споредни улоги, над 4.000 се во борбената зона, што покажува дека Украинките се подготвени да ги издржат тешкотиите на војната во одбрана на својата земја.