Во интервју за Гласот на Америка на македонски, професорот по економија и претставник на првата македонска банкарска академија АБИТ, Синиша Наумоски вели дека и оваа година стапката на инфлацијата ќе биде двоцифрена.
Според него, голем фактор во економската криза е војната во Украина. За да дојде до стабилизирање на економијата тој смета дека единствениот начин е смирување на воените дејствија.
За потенцијалниот ризик за македонските банки по пропаѓањето на 13-тата по големина банка во САД, Наумоски вели дека нема никаков ризик. Тој тоа го темели на фактот што „македонскиот монетарен систем има само 5% побарувања и околу 6,6% обврски со трансферите со меѓународни банки“.
Што се однесува до каматните стапки за кредитните продукти, Наумоски очекува уште едно покачување на референтната каматна стапка – ако се следат постапките на Европската централна банка.
Your browser doesn’t support HTML5