Невладината организација со најголем број домашни набљудувачи ја обвинува Комисијата за политичка обоеност.
Државната изборна комисија (ДИК) не беше на ниво на задачата на највисок изборен орган, рекорден број пријавени болни и немоќни за предвремено гласање и проблеми при пронаоѓањето на граѓаните во избирачкиот список. Ова се недостатоците што граѓанската асоцијација МОСТ ги регистрирала пред, во текот и по одржувањето на првиот круг од локалните избори на 24-ти март, а што ги следеше со најголем број домашни набљудувачи – 3.200.
Претставниците на Мост на прес-конференција, оценија дека поднесените приговори од политичките партии, поединечните одлуки и гласања на ДИК произлегувале од теснополитички интереси и биле носени без да се земат предвид одредбите во Изборниот законик.
„При одлучувањето по приговорите, ДИК не беше доследна и конзистентна во донесувањето на одлуките“, рече првиот човек на Мост, Дарко Алексов.
Алексов тврди дека при дискусиите по приговорите, членовите на ДИК, наместо да се држат до предметот на расправа, често пати држеле политички говори и застапувале политички ставови, што е недозволиво за таков орган.
ДИК досега не реагираше на ваквата критика од МОСТ.
Мост упати и препорака до надлежните органи да поведат постапка против прекршителите на законот, откако ДИК ги поништила првичните официјални резултати за избор на градоначалник на општина Чаир, бидејќи бил утврден обид за фалсификат со тоа што над 900 гласови, наместо на контото на кандидатот на ДПА, биле префрлени на кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник на општината.
За Мост е сомнителен и рекордниот број на болни и немоќни - најмалку 13.323 лица, пријавени за предвремено гласање во првиот круг од локалните избори.
„Во Општинската изборна комисија (ОИК) Теарце имало поднесено 49 барања за предвремено гласање за првиот изборен круг, но откако Комисијата најавила проверки дали ги исполнуваат условите за овој вид на гласање, сите барања биле повлечени. Апелираме до останатите ОИК да го следат овој позитивен пример и внимателно да ги разгледуваат барањата за предвремено гласање пред вториот изборен круг“, рече Алексов.
Мост упати и апел до сите граѓани кои имале проблеми да се пронајдат во избирачкиот список, тоа да го проверат пред одржувањето на вториот круг, на 7-ми април, на Интернет-страницата, а доколку ги нема, тоа да го пријават во подрачните единици на ДИК.