„Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насислство“, стои во реакцијата на американската влада за гласањето. Според претставник на Стејт департментот, Вашингтон внимателно ќе го разгледа конечниот извештај на ОДИХР, како и официјалното објавување на изборните резултати.
„Со нетрпение го очекуваме објавувањето на дополнителни информации од останатите набљудувачи и ќе продолжиме одблизу да го следиме изборниот процес и кампањата, во пресрет на вториот круг избори, закажан за 7-ми април“, наведува претставникот на Стејт департментот.
Според информацијата од американската влада, Амбасадата на САД во Македонија има 27 тимови за набљудување на изборите, а американските набљудувачи се и во тимовите на ОДИХР/ОБСЕ, во кои членуваат и претставници на 29 други земји.