Меџити: Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, ВРЕДИ е победник

Your browser doesn’t support HTML5

Албанците од денес имаат нов сериозен политички фактор кој достоинствено и гордо ќе ги застапува, а тоа е Vlen, вечерва започнува промената, истакна вечерва Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ и носител на изборна листа во Изборната единица 1.

Меџити рече дека нивната коалиција е апсолутен победник.

„Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација. Новата влада ќе го ја одразува волјата на мнозинството Албанци, вклучувајќи го и мнозинството на Бадентер. Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени, политички чинители и фактори во државата, како и меѓународните партнери. Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник“, рече Меџити и додаде дека се соочувале со бојкот од страна на ДУИ.