Понуда до проруските демонстранти; од нив, пак, се` уште нема одговор
Вршителот на должноста претседател на Украина вети амнестија за проруските демонстранти доколку го предадат оружјето и ги напуштат владините згради што ги зазедоа во два града во источниот дел на земјата.
Олександер Турчинов рече дека е подготвен ветувањето да го преточи и во претседателски указ. Засега нема одговор од демонстрантите што зазедоа владини згради во Луганск и Донецк и бараат референдум за отцепување од Украина и присоединување кон Русија - ист како оној на Крим од минатиот месец.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков вчера изјави дека окушацијата на зградите ќе заврши до петок, или преку преговори, или со употреба на сила.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин испрати писмо до европските лидери, навестувајќи дека доколку не се реши прашањето на украинскиот долг кон Русија во врска со природниот гас, би можела да биде попречена доставата на гасот за Европа, што, инаку, минува низ Украина.
Американската дипломатка Викторија Нуланд синоќа на конгресен распит рече дека преземањето на владините згради бил внимателно организиран и добро планиран чекор со прецизни цели, како и дека постојат огромни докази за руска вмешаност. Таа предупреди на последици доколку не запрат, како што рече, агресивните акции.
Нуланд исто така кажа дека американските дипломати не полагаат големи надежи во разговорите закажани за наредната недела меѓу првите дипломати на Украина, Русија, САД и Европската унија.