„Нема настрадано македонски државјани. Во моментов има загинато 75 лица, а по повеќе од 300 лица се трага и се водат се` уште како изчезнати“, вели македонскиот амбасадор во Австралија Перо Стојановски во изјавата за Гласот на Америка на македонски.
Според него, Амбасадата во Канбера ги користи сите ресурси и е во постојана комуникација со Високиот комесеријат за бегалци на Нов Зеланд со канцеларијата во Канбера, но и со Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд.
Стојановски наведува дека во Австралија се отворени посебни телефони за добивање на информации за преживеани и за пријавување на исчезнати.
Најголемата македонска популација во Нов Зеланд е концентрирана во градот Оукланд, подалеку од епицентарот на земјотресот.
„Во Крајсчрч има само неколку фамилии. Засега, информациите што ги имаме ни кажуваат дека се живи и здрави и дека нема никакви проблеми“,вели амбасадорот Стојановски во изјавата за Гласот на Америка.
Слушнете ја интегралната изјава на амбасадорот Перо Стојановски: