Сан Антонио немаше сили за пресврт во дуелот број седум
Мајами хит - старо-нов шампион на НБА. Во одлучувачкиот, седми меч, синоќа го порази Сан Антонио спарс со 95:88.
Титулата најкорисен играч во финалето му припадна на Леброн Џејмс, кој постигна 37 поени, од кои пет тројки, а имаше и 12 скока. Џејмс и Двејн Вејд беа незапирливи - заедно се заслужни за 60 поени. Вејд имаше и 10 скока.
Изненадување на вечерта беше Шејн Батиер - најпрецизен зад линијата од 7, 25, постигна вкупно шест тројки.
Кај Сан Антонио, најпрецизни беа центарот Тим Данкан со 24 поени и Ману Џинобли со 18.
Борбата по кошевите беше изедначена – обете екипи со по 43 скока.
Гостите беа повнимателни и имаа 14, а домаќините 16 загубени топки.
Тексашаните на две минути пред крајот на мечот стасаа до 90:88, но не ги искористија последните два напада, така што победничкиот пехар го кренаа домаќините од Флорида.