Победата ја запечати францускиот интернационалец Тони Паркер со акробатски погодок.
Сан Антонио извојува мошне важна победа против Мајами со 92:88 во првиот натпревар од големото финале на НБА.
Кошот на плејмејкерот Тони Паркер на 5,2 секунди пред истекот на времето ја запечати победата на Сан Антонио на жешкиот гостински терен.
Паркер го заврши мечот со 21 поен, од кои 10 во последната четвртина.
Најдобар поединец кај домаќините беше Леброн Џејмс со трипл-дабл: 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции. Сепак, тоа не беше доволно да се запрат одморените кошаркари на Сан Антонио, кои за разлика од Мајами, порано се пласираа во финалето и имаа неколкудневна пауза.
Гостите во четвртата четвртина ги надиграа домаќините со 23:16.
Ветераните од Сан Антонио покажаа и извонредна одбрана и игра под кошевите и го завршија натпреварот со само четири загубени топки.
Следниот натпревар се игра во недела во Мајами.