Мистериозно бело парченце „ѕирка“ од Марс

Во НАСА убедени дека е природен дел од почвата, но не знаат зошто е со поинаква боја од црвената површина.
Американската вселенска агенција НАСА се обидува да ја разреши мистеријата на која наиде роботоското возило Кјуриозити при ископување на почвата на Марс - бело парченце што „ѕирка“ од црвената површина на планетата.

Стручњаци од Лабораторијата на НАСА во Пасадена, Калифорнија се убедени дека парченцето е природен дел од почвата на Марс, не не знаат зошто е со посветла боја од остатокот од површината и со каков минерален состав би можело да биде.

Бело парченце „ѕирка“ од Марс

Кјуриозити забележа парченце со слична боја минатата недела, но на крај излезе дека тоа е мал дел што отпаднал од возилото.

Научниците на НАСА се воодушевени од досегашните откритија на Кјуриозити, наведувајќи дека по првпат имале можност да видат и да анализираат што се наоѓа во почвата на Марс.

Роботското возило се приземји на Марс во август и е на двегодишна мисија да ги истражува условите на Црвената планета.