Да беше жив, Елвис Присли ќе имаше 76 години
Да беше жив, Кралот на рокенролот ќе имаше 76 години. Елвис Присли и е жив, барем во нивните срца, ако ги прашате проценетите 30-те илјади посетители кои вечер ќе се соберат во неговиот дом Грејсленд во Тенеси, да ја одбележат 34-тата годишнина од заминувањето на човекот чие нишање на колковите опиваше и опива цели американски генерации. И не само американски – секоја година во Грејсленд, на гробот на Елвис доаѓаат посетители од Јапонија, Британија, Германија...
Годинава, обожавателите имаат дополнителен повод да го чествуваат Елвис - 55-тата годишнина од издавањето на неговите први два албума, во 1956-та. Само таа година, Елвис продаде 10 милиони сиглови и 800.000 албуми.