Врз база на 99,91% од изброените гласови, ДИК соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеник, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1
Врз база на 99,91% од изброените гласови или податоци од 3.511 од вкупно 3514 избирачки места, Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ во новиот собраниски состав ќе има 61 пратеник, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1.
Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, на претседателските избори освоил 534.154 гласови или 55,25%, додека Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, добил 398.008 или 41,17%, покажуваат последните податоци од ДИК.
Водачот на СДСМ Зоран Заев изјави дека граѓаните во Македонија се измамени, дека изборниот процес е спроведен нецивилизирано и дека на граѓаните им било узурпирано уставното право. Тој побара итно да се формира техничка влада што ќе овозможи спроведување на нормални и фер претседателски и парламентарни избори.
„Бараме и мора да се организираат избори на коишто народот ќе ја врати контролата во свои раце и ќе избере власт по сопствена воља и убедување, без притисоци, без уцени, без купување на гласачи. Без фер избори нема демократија. Без демократија нема просперитетна Македонија. Нема запирање. Нашата борба продолжува“, рече Заев.
Од СДСМ најавија дека сите опции се отворени, вклучително и онаа за враќање на мандатите, но за тоа како ќе делуваат, деновиве ќе одлучеле партиските органи.
Водачот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски изјави дека неговата партија остварила неспорна, силна победа.
„Ова е недвосмислена доверба. Ова е јасно изразена волја на граѓаните на Македонија.
Жалам што поради личен интерес, потценувајќи ја волјата на народот, претседателот и раководството на СДСМ одлучија да работат на директна штета на Македонија, во корист на оние кои не и сакаат добро“, рече Груевски, изразувајќи надеж дека СДСМ ќе ја преиспита одлуката за бојкот на изборите.
ДУИ исто така ги отфрли сомнежите за нерегуларност на избирачкиот процес.
„Им благодариме на граѓаните, на сите за овој добар изборен процес“, рече Ахмети.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека на прв поглед изборите биле мирни, но тие поминале со закани, уцени, полнење на гласачки кутии и купување на гласови. Според него, партијата е подготвена да преговара за влез во новата влада. ДПА, како што рече, очекува 8 пратеници и не го признава резултатот на ДУИ.
Попладнево се очекува набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДХР да ги соопшти своите ставови за изборите.