Израел изврши воздушен напад во Газа

  • VOA

Израелската војска претходно соопшти дека ги соборила сите пет ракети истрелани кон израелска територија.

Израелската војска денеска соопшти дека извршила воздушни напади во Појасот Газа како одговор на ракетниот истрел, чија цел била локација за производство на оружје што ја користат милитантите на Хамас.

Израелската војска претходно соопшти дека ги соборила сите пет ракети истрелани кон израелска територија.

Израелските трупи се повлекоа вчеравечер од бегалскиот камп на Западниот Брег, откако извршиле рации во потрага по членови на вооружени палестински групи и оружје.

Советот за безбедност на Обединетите нации во петок треба да одржи состанок зад затворени врати за ситуацијата по барање на Обединетите Арапски Емирати.

Во дводневната операција беа опфатени повеќе од 1 000 израелски војници и загинаа најмалку 12 Палестинци. Хамас соопшти дека еден од членовите е убиен, додека Исламски џихад соопшти дека меѓу загинатите има четворица негови членови. Израел соопшти дека еден израелски војник е убиен.

Во близина на болницата во Џенин можеа да се слушнат експлозии и пукотници.

„Ja завршуваме мисијата и можам да кажам дека нашата обемна операција во Џенин не е еднократна“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху на блискиот воен контролен пункт.

Израелската војска соопшти дека привела 120 осомничени вооружени лица и запленила складишта за оружје и експлозиви во Џенин.