БАТЛЕР, Пенсилванија – Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп за брзо беше отстранет од бината на митинг во Батлер, Пенсилванија откако се слушнаа истрели од огнено оружје.
Во тие моменти Трамп говореше за имиграционата политика и покажуваше табела со броеви на гранични премини. По истрелите кои се слушнаа за време на митингот и на кои регираше насобраната толпа, Трамп посегна со десната рака кон вратот. Се забележа крв на неговото лице.
Тој брзо се сокри под пултот за говор додека агентите од тимот за заштита се упатија кон бината за да реагираат. Пукотниците продолжија додека агентите се грижеа да го заштитат Трамп на сцената.
Додека агентите го носеа Трамп од бината до возилото толпата се поздравуваше со него, а тој во тие моменти ја крена раката и покажа тупаница.
Колоната која го превезуваше Трамп го напушти местото каде што се одржуваше митинг. Веднаш не беше позната неговата здравствена состојба.
Полицијата на терен почна со евакуација веднаш откако Трамп напушти.