Во Атина вчера на улиците излегоа стотици илјади демонстранти во знак на протест поради можниот компромис меѓу Грција и Македонија за долготрајниот спор околу името.
Полицијата проценува дека биле присутни околу 140.000 лица, додека организаторите на маршот тврдат дека учествувале околу 1,5 милиони лица од Грција и грчката дијаспора кои ја повикале Владата да не преговара за договор во врска со официјалното име на соседната држава.
Грција и Македонија водат спор кој да го користи името од осамостојувањето на Македонија во 1991-ва година.
Поради проблемот, Грција ги блокираше напорите на Македонија за пристап до Европската Унија и НАТО.
Но, левичарскиот премиер Алексис Ципрас е отворен за постигнување компромис во преговорите во врска со 27-годишниот спор, предизвикувајќи протести во двете држави.