Грција ќе учествува во обука на пилоти на украинските воздухопловни сили за авиони Ф-16, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Данска и Холандија во неделата објавија дека ќе ги испорачаат првите Ф-16 на Украина.
„Денес имаме важен резултат за авијациската коалиција. Грција ќе учествува во обуката на нашите пилоти за Ф-16. Благодарен сум за овој предлог“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.
Тој не даде детали за програмата за обука.
Официјални лица од коалицијата од 11 земји рекоа дека обуката за Ф-16 ќе се одржи во Данска и Романија.
Претходно денес Зеленски пред толпата во Данска изјави дека ветените испораки на Ф-16 го направиле уверен дека Украина може да стави крај на руската инвазија.
Извор: Ројтерс