Ново поглавје на Гласот на Америка: Преминуваме целосно на дигиталните платформи

Нашите содржини во форма на видео, текст, фотографии, јавувања во живо ќе можете редовно да ги следите на интернет страницата на Гласот на Америка: https://mk.voanews.com/

Нашата водечка информативна емисија, „Newsflash“ после речиси 20 години, на 28 октомври го имаше своето последно издание. Нашите содржини во форма на видео, текст, фотографии, јавувања во живо ќе можете редовно да ги следите на интернет страницата на Гласот на Америка: https://mk.voanews.com/

Гласот на Америка на македонски јазик почнува ново поглавје, преминуваме целосно на дигиталните медиумски платформи. Нашата водечка информативна емисија, „Newsflash“ после речиси 20 години, на 28 октомври го имаше своето последно издание.

Новото време, дигитализацијата и промената на начинот на кој модерниот човек ги добива вестите, ни дадоа поттик да го направиме големиот чекор и да го оставиме зад себе класичниот телевизиски формат во пренесувањето на информациите.

Новите текови ја донесоа девизата дека не постои т.н. „Prime time“ (Ударен термин) за пренесување на вестите. Кај денешниот читател и консумент на информации, сè повеќе важи девизата „My time“ (Мој термин) за проследување на информациите. Гласот на Америка на македонски јазик, ги следи тие видливи промени и излегува во пресрет на потребите на денешните читатели и гледачи.

Затоа, вам, наша ценета публико со која градиме децениска доверба, продолжуваме да ви пренесуваме проверени, точни и навремени информации што ќе ви бидат достапни во секое време, каде и да се наоѓате.

Your browser doesn’t support HTML5

Newsflash

Тимот на Гласот на Америка на македонски јазик ќе продолжи да создава бројни информативни видео прилози, анализи, интервјуа, репортажи, мултимедијални содржини. Ќе продолжиме да бидеме дополнителниот поглед и додадена вредност кон демократските вредности за теми поврзани со американското и со македонското општество. Нема да изостанат ниту бројните теми поврзани со светските случувања што ја засегаат и нашата македонска публика.

Нашите содржини во форма на видео, текст, фотографии, јавувања во живо ќе можете редовно да ги следите на интернет страницата на Гласот на Америка: https://mk.voanews.com/.

Нема да изостанат ниту објавите на нашите канали на социјалните мрежи, и тоа на:

Фејсбук (https://www.facebook.com/glasnaamerika),
Инстаграм (https://www.instagram.com/glasnaamerika/),
Јутјуб (https://www.youtube.com/c/glasnaamerika),
Твитер (https://twitter.com/glasnaamerika).

Покрај дигиталните платформи, очекувајте и бројни директни јавувања на нашите новинари од САД во главните и во редовните информативни емисии на македонските телевизиски канали

Покрај дигиталните платформи, очекувајте и бројни директни јавувања на нашите новинари од САД во главните и во редовните информативни емисии на македонските телевизиски канали.

Во иста насока се движи и нашата нова мобилна апликација (VOA), што можете бесплатно да ја преземете од Google Play Store (https://play.google.com/store/apps/details?id=gov.bbg.voa) и од App Store (https://apps.apple.com/us/app/voa/id632618796) . На тој начин нема да пропуштите ниту една позначајна информација објавена преку нашите информативни платформи.

Your browser doesn’t support HTML5

Нова мобилна апликација на Гласот на Америка: Брзо и едноставно до проверени и точни информации

Ќе продолжиме да го градиме патот на доверба со вас, наша ценета публико и преку македонскиот јазик ќе ги пренесуваме информациите и содржините што веруваме ќе дадат појасна слика за потребните корекции и за состојбите во вашето и наше општество.

Со почит, тимот на Гласот на Америка на македонски јазик