Линкови за пристапност

Нова мобилна апликација на Гласот на Америка: Брзо и едноставно до проверени и точни информации


За да не ги пропуштите битните информации, можете да ја нагодите апликацијата да ве потсетува кога ќе бидат објавени вестите што вас ве интересираат
За да не ги пропуштите битните информации, можете да ја нагодите апликацијата да ве потсетува кога ќе бидат објавени вестите што вас ве интересираат

Брз и едноставен пристап до информациите во секое време овозможува новата мобилна апликација на Гласот на Америка. Точните и проверени содржини што ги создава тимот на нашиот медиумски сервис можете да ги добивате каде и да сте, во кој било дел од денот или да ги читате и гледате во истиот миг кога се објавуваат или емитуваат.

За да не ги пропуштите битните информации, можете да ја нагодите апликацијата да ве потсетува кога ќе бидат објавени вестите што вас ве интересираат.

Гласот на Америка создава вести на јазици низ целиот свет. Во зависност од јазикот што го говорите или преферирате, можете да одредите на кој јазик и од кој јазичен сервис ќе ги добивате содржините. Доколку изберете „Македонски јазик“, тогаш вашата апликација ќе ви доставува содржини што ги создава и објавува тимот од сервисот на македонски јазик при Гласот на Америка.

Можете да го изберете и регионот од кој сте заинтересирани да добивате вести, како и категориите (рубриките) за коишто сте тематски заинтересирани.

Тимот на Гласот на Америка во секое време објавува проверени и точни информации за случувањата во САД, за значајните настани низ светот, како и за бројни актуелни прашања поврзани со македонското општество и со Балканот. Преку апликацијата, тие информации ќе ви бидат достапни во секо време преку вашиот личен уред.

Не ги пропуштајте ниту бројните анализи, репортажи, интервјуа и разговори што нашите новинари ги прават со значајни личности, како од американското и европското, така и од македонското општество.

Во согласност новите насоки во кои се движат медиумите, Гласот на Америка создава и објави со ексклузивни фотографии, видеа и мултимедијални продукти. Мобилната апликација ќе ви овозможи и тие содржини да дојдат до вас во најкус можен рок. Ваш ќе биде изборот кога ќе одлучите тие содржини да ги погледнете, да ги прочитате или, пак, преку апликацијата да ги споделите со вашите пријатели, познаници, колеги.

Новата мобилна апликација на Гласот на Америка е целосно бесплатна. Можете да ја преземете од „Google Play Store“ за мобилни уреди што работат со оперативниот систем Android, како и од „App Store“ за уредите со оперативен систем IOS.

Веруваме дека преку нашите медиумски содржини ќе продолжиме да ја градиме довербата кон вас. Вие сте нашата ценета публика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG