1-ви февруари 2013-та

Од погребот на поранешниот крал Нородом Сиханук во Камбоџа.

Спасувачки екипи заминуваат од седиштето на нафтениот гигант Пемекс во Мексико Сити, каде експлозија четвртокот однесе најмалку 25 човечки животи.

Поддржувачи на политичка партија на суни-муслиманите на протест во Карачи, Пакистан, по повод убиството на тројца лидери на оваа заедница.

Војници на Сомалија, на церемонија по повод завршување на обуката.

Снег во пустина:  сцена по невреме во близина на Табук, Саудиска Арабија.

Момче пред затворените врати на Босанскиот национален музеј, полага една од 125-те ружи што ја симболизираат 125-годишнината од неговото основање.  Музејот затвори затоа што поделените власти во земјата не можеа да се договорат како да го финансираат.

Во очекување на лунарната нова година:  сцена од Кинескиот кварт во Сингапур.

На 309 метри височина:  Поглед од лондонски Шард, највисокиот облакодер во Западна Европа.

Можност за добра фотографија: туристи ги користат живописните утрински бои во позадината на рекламата во Њу Орлеанс за 47-мото по ред финале на американски фудбал меѓу Сан Франциско и Балтимор, што ќе се одржи во недела.