Екстрадиција на осомничениот за убиството на директорот на „United Health“

Your browser doesn’t support HTML5

Осомничениот за убиството на извршниот директор на „UnitedHealth Group“ Брајан Томпсон, Луиџи Манџионе беше префрлен во притвор во Њујорк за да се соочи со обвиненијата за убиство. Поротата во Њујорк го обвини по 11 точки, вклучително и убиство од прв степен, и за убиство како терористички чин.

Осомничениот за #убиството на извршниот директор на „UnitedHealth Group“ Брајан Томпсон се откажа од своето право на жалба за екстрадиција на судското сослушување во #Пенсилванија во четвртокот (19 декември). 26-годишниот #Луиџи Манџионе беше уапсен во #Алтуна, Пенсилванија, на 9 декември, пет дена откако #Томпсон беше смртно застрелан пред хотел во Менхетен, #Њујорк, што истражните органи го нарекоа атентат со умисла.

Луиџи #Манџионе беше префрлен во притвор во Њујорк за да се соочи со обвиненијата за убиство. Големата порота во Њујорк го обвини Манџионе по 11 точки, вклучително и убиство од прв #степен, и за убиство како терористички чин. Манџионе е во притвор од денот на неговото апсење. Неговата адвокатка од Њујорк, Карен Фридман Агнифило, одби да ги коментира обвиненијата против Манџионе.