Доаѓа помош од ЕУ против пожарите: Битки кај светиниколско и кумановско, огнот кај Пехчево под контрола

Изминатите три дена интензивна борба со плламените јазици се водеше во реонот на Пехчево, кај Буковик и околните ридови

Покрај веќе присутните хеликоптери од Чешка и Србија, се очекува пристигнување на еден хеликоптер од Словенија, по два ер-трактора од Шведска и од Германија. Од Унгарија, пак, треба да пристигне тим од 46 лица со 13 возила, меѓу кои и шест специјални теренски возила.

Во реонот на Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане се префрла битката со пожарите каде, како што посочија од Центарот за управување со кризи, зафатени се и големи површини со речиси непристапен терен.

За справување со огнената стихија што речиси цел месец ја зафати Северна Македонија, до крајот на денот треба да пристигне поголема помош, преку системот за цивилна заштита од Европската унија.

Така, како што најави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, покрај веќе присутните хеликоптери од Чешка и Србија, се очекува пристигнување на еден хеликоптер од Словенија, по два ер-трактора од Шведска и од Германија. Од Унгарија, пак, треба да пристигне тим од 46 лица со 13 возила, меѓу кои и шест специјални теренски возила.

Апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, да не предизвикаат пожар
Стојанче Ангелов, ЦУК

Во државата сè уште активни 12 пожари. Од почетокот на јули, пак, до денеска, според податоците од ЦУК, во државата биле активни 765 пожари. До граѓаните е испратен апел да внимаваат за претстојниот продолжен празничен викенд.

„Апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни, да не предизвикаат пожар, којшто може да биде со катастрофални последици“, апелира првиот човек на ЦУК, Ангелов.

Изминатите три дена интензивна борба со плламените јазици се водеше во реонот на Пехчево, кај Буковик и околните ридови, при што имаше закана и по градот. Огнот е под контрола. Чад се уште има, како и џебови кои стотина доброволци, пожарникари, припадници на ДЗС и на Армијата ги гаснат.

За гаснење на пожарот кај Буковик, хеликоптерите полнеа вода од монтажен базен

Од утрово се повлечени хеликоптерските единици како и базенот од импровизираната база на градскиот стадион. Токму тоа вчера беше клучно во справување со пожарот кој многу лесно можеше да се прошири.

Додека хеликоптерите истураа вода на земјата над двесте граѓани пожарникари, доброволци, полицајци, војници и припадници на ДЗС чекор по чекор се пробиваа кон Буковик спречувајќи ги пламените јазици со засеци.

Your browser doesn’t support HTML5

Хеликоптери, пожарникари, војска во битка со пожарот кај Пехчево

Граѓаните бараат истрага за пожарите, да се утврди дали се тие намерно предизвикани.