Линкови за пристапност

ЦУК апелира: Граѓаните да не се самоорганизираат за гаснење пожари, оставете простор за професионалците


Главната битка со пожарите денеска, 31 јули, се води во околината на Пехчево
Главната битка со пожарите денеска, 31 јули, се води во околината на Пехчево

Ќе испратиме доволно лица кога градоначалниците ќе го побараат тоа. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист и можат да ги попречуваат активностите на професионалните служби. Граѓаните сепак можат да бидат корисни во одбрана на населените места, апелира Стојанче Ангелов од ЦУК.

Состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна, истакна денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој апелира до граѓаните да не се организираат самоиницијативно за гаснење на пожарите низ шумите. Овој негов апел доаѓа откако социјалните мрежи се појавија повици за излегување за спас на Пехчево од огнот што вчеравечер беше закана за градот.

„Како држава имаме доволно припадници на армијата, доволно припадници на полицијата и пожарникари. Ќе испратиме доволно лица кога градоначалниците ќе го побараат тоа. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист и можат да ги попречуваат активностите на професионалните служби. Граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населените места“, рече Ангелов.

Хеликоптери, пожарникари, војска во битка со пожарот кај Пехчево
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00
Како држава имаме доволно припадници на армијата, доволно припадници на полицијата и пожарникари
Стојанче Ангелов, ЦУК

Главната битка со пожарите денеска претпладне се води во општината Пехчево, каде вклучени хеликоптери, пожарникари, како и припадници на армијата. Пехчево и селото Негрево вчера беа во опасност да бидат зафатени од огнот, но тоа било успешно спречено. Денеска фокусот е ставен на пределот Буковик, каде пристапот е ограничен поради присуство на неексплодирани експлозивни средства.

Вкупно во државата денеска има петнаесетина пожари, и тоа кај Пехчево, Старо Нагоричане, Кратово, Куманово, Свети Николе, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Пласница и Карбицни.

Од Центарот за управување со кризи најавија дека е обезбедена и меѓународна помош преку механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Од Србија веќе пристигнал еден хеликоптер за гаснење, се очекува хеликоптери од Чешка, кој е со капацитет од три тона, како и два ер-трактора од Германија.

Според Центарот за управување со кризи, има сомневања дека дел од пожарите се предизвикани и намерно. Денеска полицијата приведе едно лице за предизвикување пожар во околината на радовишкото село Али Коч.

МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари
Панче Тошковски, МВР

Со апел преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека ќе бидат преземени строги мерки.

„Апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани“, се вели во објавата на Тошковски.

Граѓаните да не се организираат самоиницијативно за гаснење на пожарите низ шумите, апелираат од ЦУК
Граѓаните да не се организираат самоиницијативно за гаснење на пожарите низ шумите, апелираат од ЦУК

XS
SM
MD
LG